Ем возел во спротивна лента, ем нападнал полицаец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(38) од Куманово, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 06.04.2014 година, на ул. „Ленинова“ во Куманово од страна на полицискиот службеник запрен е пријавениот кој управувал патничко возило „пасат“ во спротивна насока на движење, по што истиот со нога го удрил полицискиот службеник во коленото, а потоа го влечел за десниот ракав од униформата.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.