EMA ја одобри вакцината на „Pfizer“ за деца од 12 до 15 години

Европската агенција за лекови (EMA) го одобри во петокот користењето на вакцината против коронаврирусот на американско-германскиот произвдоственот-научен тандем „Pfizer/BioNTech) за деца на возраст од 12 до 15 години, со што таа стана првата вацкина одобрена за адолесцентите во 27-те земји членки на Европската унија.

Слично одобрение оваа вакцина веќе ја доби во САД и во Канада.

Одобрувањето од ЕМА доаѓа неколку седмици откако започна процената на проширената примената на вакцината за со неа да бидат опфатени и децата на возраст од 12 до 15 години. Вакцината на „Pfizer“ во Европската унија веќе се користи за имунизација на поврозрасните од 16 години.

Од ЕМА соопштија дека за возрасната група од 12 до 15 години потребни се две дози од вакцината и дека би требало да бидат аплицирани во растојание од три седмици. Сега членките на ЕУ поединечно треба да одлучат дали и кога ќе им ја понудат оваа вакцина на тинејџерите, се додава во соопштението.

Вакцинирањето на децата и младите се смета за клучен чекор кон постигнување на колективниот имунитет и гаснење на пандемијата. Меѓутоа, давањето на вакцината на помладите луѓе во богатите земји додека многи делови од светот ги чекаат сѐ уште и првите дози за повозрасните и ранливите категории граѓани преизвикува негативни реакции и загриженост во светот.

Од „Pfizer“ и „BioNTech“ во март годинава објавија податоците од испитувањето според кои нивнавата вакцината нуди 100-процентна заштита од Covid-19, а испитувањето било спроведено на 2.260 адолесценти на возраст од 12 до 15 години. Според овој извештај, исто така, било утврдено дека вакцината добро се поднесува во оваа возрасна група.