ЕМА и СЗО против прераните одлуки во врска со новата варијанта на коронавирусот

Европскиот регулатор соопшти во петокот дека е прерано да се разгледува прилагодувањето на вакцините за новата варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 поради што некои држави ги запреа летовите од јужна Африка, а на претпазливост апелираше и Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека се потребни повеќе информации за да може да оцени дали новиот сој на коронавирусот, кој се појавува во „бројни мутации“ е отпорен на четирите вакцини кои се одобрени за употреба во Европската унија.

„Внимателно ја следиме варијантата B.1.1.529 којашто неодамна се појави и има бројни мутации на протеинот на шилецот на SARS-CoV-2“, објави ЕМА, чиешто седиште е во Амстердам, пренесува агенцијата AFP.

Засега означена како B.1.1.529, новата варијанта е првпат идентификувана во Јужноафриканската Република и има повеќекратни мутации е потенцијално многи заразна, предупредија претходно во петокот јужноафриканските научници кои нејзината појава ја гледаат како почеток на нов пандемиски бран.

„Прерано во сегашниот момент е да се предвиди прилагодувањето на вакцините (…) за да се бориме против оваа нова варијанта. Но, доколку се покаже дека новата варијанта е имуна и дека брзо се шири (…), ќе стане јасно дали е потребно тоа да се стори“, наведуваат од ЕМ.

Белгија е првата земја во Европа којашто идентификуваше засега еден случај на зараза со новата варијанта. Поради тоа Европската комисија во петокот им предложи на државите членки на ЕУ да ги прекинат летовите од земјите од југот на Африка, а земјите се договорија привремено да ги суспендираат патувањета од ЈАР во ЕУ.

ЕМА досега одобри четири вакцини за возрасната популаци на подрачјето на ЕУ, и тоа „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“, развиени на новата технологија на ткн информациска рибонуклеинска киселина mRNA, и вакцините на познатата векторска технологија на „AstraZeneca“ и „Johnson&Johnson“.

Од германската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“ во петокот објавија дека очекуваат дека податоците за степенот на заштита кој нивната вакцина ги пружа во однос на новата варијанта на коронавирусот би можеле да го имат „најдоцна за две седмици“.

СЗО, која во петокот го започна состанокот во своето седиште во Женева, ги предупреди државите да не итаат со наметнувањата на ограничувањата за патувањата поради новата варијанта B.1.1.529 и ги повика да заземат „научен и прустап кој го зема предвид ризикот“.

Властите во светот алармантно реагираа на појавата на новата варијанта на коронавирусот откриена во Јужноафриканската Република (ЈАР), па ЕУ и Велика Бротанија се меѓу оние коишто воведеа строги гранични контроли, додека научниците сѐ уште го утврдуваат степенот на отпорност на овој сој на вакцините.

„На овој степен, воведувањето на мерките за патувањата е проблематично. СЗО препорачува земјите да продолжат да го применуваат пристапот заснован на ризикот и научниот пристап за одлуките за воведување мерки за патувањата“, изјавил портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер на брифингот во Женева, пренесува агенцијата Reuters.

Според него, ќе бидат потребни неколку седмици за да се востанови степенот на заразноста на новата варијанта и ефикасноста на вакцините и лековите против неа. Линмајер смета дека луѓето треба да продолжат со вообичаените хигиенско-епидемиолошки мерки, како што се носењето маски, избегнувањето масовни собири, проветрување на затворените простории итн.

Мајк Рајан, директорот на СЗО за итни состојби, ги пофали здравствените институции во ЈАР, бидејќи појавата на варијантата ја пријавиле на оваа агенција на Обединетите нации уште на 11-ти ноември. Меѓутоа, предупреди на минатите искуства а „особено кога станува збор за Јужна Африка“, потсетувајќи дека штом ќе се споменеше нова варијанта „веднаш сите ги затвораа границите и ги ограничувања на патувањата“.

Марија Ван Керков, шефицата на техничкиот одел на СЗО за Covid-19 изјави дека новата варијанта има речиси 100 мутации. „А кога имате толку многу мутации, тоа може да има ефект на тоа како вирусот се однесува“, додаде.