Ема Томпсон за неверствата на екс-сопругот: Бев потполно слепа

Двократната оскаровка Ема Томпсон призна дека била „потполно слепа“ и дека немала поим за врските на нејзините поранешен сопруг Кенет Брага со другите актерки на снимањата и дека била скршена кога дознала за тоа.

Томспон за Брана се омажила во 1989 година, откако се запознале на снимањето на драмската серија „Воена среќа“ од 1987 година., Двојката ги шокираше своите обожаватели кога во 1995 година, по само шест години брак, објавија дека се разведуваат, потсетува CNN.

Како што тогаш пишуваа медиуми, Брана додека бил во брак со Томпсон, се гледал со колешката Елен Бонам Картер, која му беше партнерка во филмот „Франкештајн Мери Шели“ од 1994 година. Филмот го режираше Брана.

Томспон, која покрај Бонам Картер играше во адаптацијата на „Howard’s End“ од 1993 година за својата болка и понижувањата што ги чувствувала кога дознала за неверството од сопругот, говори за изданието на The New Yorker за ноември.

„Бев потполно слепа за фактот дека тој имал врски со другите жени на снимањето“, вели Томпсон во интервјуто со новинарот Џон Лар.

„Научив колку може да ве заслепи сопствената желба за самоизмама. Бев полужива. Целосно го загубив чувството за тоа дека вредам, дека сум личност којашто заслужува љубов“, признава британската актерка.

Брана и Бонам Картер, како што наведуваат медиумите, биле во петгодишна врска.

Ема Томпсон, ѕвездата на многу успешни филмови и серии, повторно ја пронашла љубовта со актерот Грег Вајс, колегата во филмот „Разум и чувство“, за кој го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио. Првиот го доби за главната женска улога во „Howard’s End“.

Искрено вели дека Вајс, за кого се омажи во 2003 година и со кој има две деца, ги „собра парченцата на кои се распаднав и повторно ги состави“.

„Повеќе научив од својот втор брак со самото тоа што бев во брак. Како што би кажала мајка ми – првите дваесет години се најтешки“, вели Томпсон за животот со Вајс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.