Емануел Макрон губи четири поени на популарност

Вкупниот број на испитаните французи кои се незадоволни од Претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени, на 68%, јавува дописникот на МИА.

Популарност на Емануел Макрон се намали за четири поени во јануари на 30% од 34% во декември, според анкетата на „Ифоп“ за „Журнал ди Диманш“.

Односно вкупното незадоволство од претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени на 68%.

Рејтингот на популарност на шефот на француската држава го достигна најниското ниво од 23% во декември 2018 година, среде кризата со „жолтите елеци“, пред да започне постепено искачување и стабилизирање во последните месеци на 33% и 34%.

Популарноста на премиерот Едуард Филип е исто така намалена за три поени, од 36 на 33%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.