Јемен ги пријави првите случи на зараза со коронавирусот

Јеменските власти во средата регистрирале повеќе случаи на зараза со новиот тип коронавирус, првпат откако Обединетите нации изразија стравување дека заразата може да се шири без контрола во оваа земја во која милиони луѓе се соочуваат со тешка глад и недостиг од медицинска грижа.

Петте нови случаи на зараза со коронавирусот се регистрирани во Аден, пристаништетот на југот од земјата кое според договорот служи изминатите неколку години како привремено седиште на владата која пред пет години беше изгонета од главниот град Саана од страна на бунтовничката групација на шиитската заедница Хути. Бунтот на Хутите против јеменската централна влада, предизвика војна којашто е проследена со една од најголемите хуманитарни кризи во светот.

Досега Јемен пријави само еден случај на зараза со коронавирусот. Меѓународните здраствени претставници одамна предупредија дека јеменската популација би можела извонредно да биде ранлива на избувнување секаква зараза, а која тешко може да се забележи во земјата со руинирана здравствена инфраструктура, дополнително разорена од војната и сиромаштијата.

Претставници на владата во Аден рекле за агенцијата Reuters дека не можат да го откријат „нултиот пациент“ на јеменската зараза, што е важен чекор во наоѓањето на потенцијално изложените на заразата и за нејзиното контролирање.

Во вторникот ОН соопштија дека „постои многи реална можност вирусот да циркулира во заедниците“ во Јемен. Здравствените работници кои помагаат во оваа земја преку разни меѓународни мисии велат дека вирусот би можел брзо да се прошири во земјата во која  24 милиони или 80 отсто од популацијата се потпира на помош, а 10 милиони луѓе се загрозени од глад.

Една од најсиромашните арапски земји Јемен во 2014 година влезе во граѓански конфликт меѓу шиитските бунтовниици Хути (Хусити) и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, против сунитската влада која ја поддржува Ријад а ја обвинуваа дека не сака да се справи со јеменската мрежа на Ал Каеда кој се прошируваше на северот од земјата. Саудијците стравуваат дека Хутите кои ја контролираат престолнината Сана и неколку важни пристаништа, ќе му овозможат на Иран стратешки пристап на Арапскиот полуостров.

Конфликтот се разгоре откако во март 2015 година коалицијата на арапските сунитски земји предводена од Саудиска Арабија, на којашто ѝ се придружија Бахреин, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати а поддршка добија од Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан, ја започна операцијата „Бура на решителноста“, против шиитските јеменски бунтовници.

Конфликтот доведе до најголемата хуманитарна криза во светот, во кој според порадоците на ОН над 24 милиони Јеменци, околу 80 отсто од населението, имаат итна потреба од хуманитарна помош, а бројот на внатрешно раселените лица надминува 3 милиона.