Емери наместо Венгер на клупата на Арсенал

543

Според наводите на британскиот јавен сервис BBC, Арсен Венгер на клупата на Арсенал ќе го замени донеодамнешниот тренер на Пари Сен Жермен, 46-годишниот Унаи Емери.

По завршувањето на сезонава францускиот фудбалски стратег Арсен Венгер по 22 години минати на позицијата менаџер на Арсенал, ја напушти клупата на лондонските „топчии“.

Унаи Емери изминатите две години беше тренер на најбогатиот француски клун со кој оваа сезона го освои националното првенство, купот и лига купот, но поради елиминирањето во осминафиналето од Лигата на шампионите, сопствениците на клубот не му го продолжија договорот.

Пред да дојде на клупата на ПСЖ, Емери од 2013 до 2016 година ја водеше шпанска Севилја и трипати со ред ја освојуваше Европската лига.

Официјалното именување на Емери за нов менаџер на Арсенал би требало да се случи подоцна оваа седмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.