Емери нов менаџер на „Арсенал“

Шпанецот Унаи Емери (46) ќе биде новиот менаџер на „Арсенал“, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со  шпанскиот тренер Микел Артета не завршила позитивно. Неофицијално, тој побарал автономија на трансфер-пазарот што не им се допаднало на сопствениците и затоа отпаднал од конкуренција. Поради истата причина претходно беа прекинати и преговорите со Луис Енрике.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на „ПСЖ“.

Емери претходно работеше во „Лорка“, „Алмерија“, „Валенсија“, „Спартак“ Москва и „Севиља“ со која има три трофеи во Лига Европа.

Шпанецот со „ПСЖ“ оваа сезона ги освои сите титули во францускиот фудбал. Сепак, многумина не веруваат во него бидејќи светците не успеа да ги однесе на европскиот фудбалски врв што беше главен приоритет.