Емил Божиновски ќе биде контролор на меч од ЛШ

Контролорот на главната листа на УЕФА Емил Божиновски доби нова задача и ќе го контролира судењето на мечот од групната фаза за Лигата на шампионите меѓу францускиот Лил и Салцбург кој директно одлучува за првите две места во нивната група.

Средбата се игра во Лил на 23 ноември.Во групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде ангажиран и раководителот за безбедност во ФФМ Роберт Марковиќ. Тој ќе патува за Белгија каде ќе биде одговорен за безбедноста на мечот меѓу Бриж и Лајпциг. Мечот се игра на 24 ноември.

Покрај Ива Пројковска, на главната листа на УЕФА за женски фудбал се наоѓа и прилепчанката Ирена Велевачкоска. Од страна на Судиската комисија на УЕФА одредена е за главен судија на квалификациониот меч за светското првенство меѓу Кипар и Белорусија на 26 ноември во Ларнака. Ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевска и Вјоса Изеири. Четврти судија ќе биде Марија Коневска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.