Емили Ратајковски позираше со неизбрчени пазуви и порача: Доста е од предрасуди!

Манекенката Емили Ратајковски, која многумина ја сметаат за најпривлечната жена на светот, објави фотографија на која позира со неизбричени пазуви, а истата предизвика лавина од коментари и реакции.

Станува збор за фотографија која ја направила за потребите на магазинот „Harper’s Bazaar“ за кој зборувала за феминизмот и правата на жените да изгледаат и да се однесуваат како што сакаат.

„Дајте им прилика на жените да бидат она што сакаат. Напишав есеј за „Harper’s Bazaar“ за важноста жените да имаат право на избор, од тоа што ќе облечат до тоа дали ќе се бричат или не, без разлика на било кои влијанија кои го обликувале начинот на кои тие се претставуваат себеси. Правете што сакате, доста е од предрасуди”, напишала Ратајковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.