Еминем ги надмина легендите ABBA и Led Zeppelin

Американскиот рапер Еминем девет пати последователно со нов албум дојде до официјалниот број еден на братанската листа за албуми и на тој начин ги надмина музичките великани ABBA и Led Zeppelin.

„Значи ли тоа дека сега можам да се вика Сер Еминем?“, запраша 45-годишниот музичар од Детроит кога од британската дискографска индустрија му ја јавиле веста.

Еминем досега со легендарниот шведски поп состав и со непомалку глобално славните британски рокери беше израмнет со осум последователни албуми кои се искачија на врвот на топ-листата. Led Zeppelin тоа го остварија во 1979 година, а ABBA три години подоцна.

Последниот албум на Еминем под наслов „Revival“, објавен минатата 2017 година, критичарите го искритукуваа, но и покрај тоа кај публиката мина одлично и дојде до бројот еден. Тој на критичарите им одговори така што, на изненадување на музичкиот свет, само осум месеци подоцна објави уште еден албум под наслов „Kamikaze“. И го повтори успехот во Велика Британија, и тоа деветти пат со ред.

Еминем во новиот албум повторни на удар ги зема омилените теми, како што се критичарите, колегите музичари и американскиот претседател Доналд Трамп, иако овој во неколку пригоди го споменуваше во позитивен контекст.

„Да се објават девет успешни албуми е постигнување самото посебе, но да се дојде бројот еден со сите од нив, и тоа последователно, во интервал од 18 години, тоа е извонредно“, изјави Мартин Талбот, извршен директор на компанијата којашто ја води официјалната британска топ-листа на албумите.