Емир Кустурица на чело на Централниот воен театар на руската армија

Познатиот режисер Емир Кустурица објави дека ја прифатил понудата која му ја упатил рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да застане на чело на Централниот воен театар на руската армија.

Според плановите на режисерот, во план се дел од неговите најпознати дела од филмските платна да се преселат на театарските даски.

Па така се очекува дека набрзо публиката ќе може да ужива во претставата „Животот е чудо“.

„За мене голема чест е понудата на Сергеј Шојгу да станам главен директор на Театарот. Театарската сцена на руската армија има голема историја и традиција“, рекол Кустурица.