Емисари на ИД забележани на граница со Русија

Емисари на групата „Исламска држава“ веќе се забележнани во Авганистан, во непосредна близина на Централна Азија и границата со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за „Комерсант“, јави ТАСС.

Според Лавров, неопходни се мерки за да се спречaт џихадистите да заземат нови територии.

– На крајот неопходно е да се ликвидира нивното владеење во значителни територии на Ирак и Сирија, а кои веќе се појавуваат и во Либија. Има податоци дека нивни претставници се забележани во Северен Авганистан, односно во близина на Централна Азија и границата со Русија. Тоа за мене е очигледно – изјави рускиот министер.

Рускиот министер за надворешни работи ги истакна извештаите за употреба на оружје за масовно уништување од џихадистите. Во многу сведоштва, разгледувани во соодветни меѓународни структури, тие веќе во повеќе наврати добиле пристап до отровни материи, кои може да се користат како хемиско оружје, нагласи Лавров.