Емитувана 14-тата емисија обврзници за денационализација

Четиринаесетата емисија на обврзниците за денационализација, во износ од 9.500.000 евра е емитувана денеска, соопштуваат од Министерството за финансии.

Со Четиринаесетта емисија опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 01.02.2014 година до 31.01.2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници.

Централниот депозитар за хартии од вредност на сопствениците на обврзниците ќе им достави известување за личниот износ на емитувани обврзници на домашна адреса.

Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, обврзниците за денационализација граѓаните може да ги користат за отплата на становите во општествена сопственост.

Досега се издадени четиринаесет емисии на обрзници за денационализација со вкупна вредност од 333,5 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.