Емполи подобар од Удинезе, реми на Калјари и Торино

Empoli FC vs Udinese at Carlo Castellani Stadium in Empoli, Italy, 6 December 2021ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во последните два натправара од 16-то коло на италијанското фудбалско првенстви Емполи со 3:1 го совлада Удинезе, а Калјари и Торино одиграа без победник 1:1.

Иако Удинезе поведе во 22 минута преку Жерар Деулофеу, Емполи во вториот дел направи резултатски пресврт. Прво во 49 минута израмни Петар Стојановиќ, по десет минути пресвртот го оствари Недим Бајрами, а победата ја потврди Андреа Пинамонти во 78 минута.

Емполи сега е на 11-то место со 23 бодови, а Удинезе остана 14-ти со 16 бодови.

Торино поведе во 31 минута со автоголот на Андреа Карбони, но бод за домашниот Калјари спаси Жоа Педро со погодикот во 53 минута.

Торино остана на 13-то место со 19 бодови, а Калјари сега е 18-то со 10 бодови колку има и претпоследната Џенова, и двата клуба со два бода помалку од зоната на спасот.