Енергетска стабилност во Македонија преку модернизација РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и да бидат производители на базна енергија

Како до енергетска стабилност во Македонија, тоа беше една од новонајавените проекти на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната дебата во хотел „Хилтон“ насловена „Економски принципи“ која беше во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се модернизираат РЕК Битола и Осломеј и да бидат производители на базна енергија. И да се стави крај на т.н. златна треска кога станува збор за инвестиции во соларни панели, фотоволтаици и ветерни електрани, бидејќи најголемиот дел од нив прво не можат да го закачат на мрежа, односно да се приклучат. А, второ и цената која што ја очекувале кога го правеле бизнис планот не е таква, каква што е.

НЕПРОМИСЛЕНОСТА НА ВЛАСТА

Во последните неколку години откако СДСМ и ДУИ се на власт Македонија постојано се наоѓа во енергетска криза и цената на електричната енергија станува се повисока.

Владата започна да ги повикува граѓаните да поставуваат фотоволтаици дури и барањата за градба на фотоволтаици ги поедностави. Но тука се појави и друг голем проблем, а тоа е уништување на земјоделско земјиште.

Земјоделците и невладините организации реагираа на ново предложените измени на законот за земјоделско земјиште со кој од пренамена за фотоволтаици и други обновливи извори на енергија се брани само земјиштето од прва и втора класа.

„Не треба да се градат фотоволтаици или други градби на земјоделско земјиште од прва, втора, трета и четврта класа. Не сме против изградба на фотоволтаични централи, но треба да се најде вистинска локација, а не да се гради на земја на која може да се произведува храна. Никаде во Европа не се поддржува поставување панели на плодно земјиште“, алармираа земјоделци од руралните средини во земјава.

Додека европската пракса е фотоволтаици да никнуваат на планински на ридести и деградирани површини кои не се производство на храна, во Македонија на најплодните почви никнуваат фотоволтаци.

Другиот проблем кој се јавува со појавување на оваа т.н. златка треска е тоа што поради зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, во текот на денот може да се јават вишоци, кои мрежата не може целосно да ги прифати и можат да направат проблем. Истото тоа што го говореше и вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – „Сето ова кое што во моментов се случува во Македонија е многу скап спорт и за жал сакам да ги предупредам сите оние кои што во моментов се почнати да размислуваат или имаат намера да размислуваат во оваа насока да не бидат лековерни на поединци кои што за ситна провизија да им завршат некоја работа во некоја државна институција владина ќе ги мотивираат да ги вложат последните пари, па и не само последните пари туку и да се задолжат итн. Нема како потоа технички сето тоа да функционира“.

ЕНЕРГЕТСКА СТАБИЛНОСТ СО БАЗНА ЕНЕРГИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на настанот истакна дека ако државата нема енергетска стабилност тогаш нема ни како да привлече странски инвестиции.

„Енергетиката е основа на се кога станува збор за економијата и економскиот развој на државата. Вие ако немате енергетска стабилност никој нема да дојде да инвестира и покрај сите оние атрибути бидат задоволени, еве теоретски и да имаме и политичка стабилна состојба и да нема корупција, и сето тоа да е така, ако вие немате ресурси енергетски да им понудите на инвеститорите тогаш тие ќе најдат некоја друга дестинација каде што ќе има“, истакна Мицкоски.

Поради тоа тој нагласува – „Кога мене би ме прашале како ја гледам иднината, ние мора да имаме како држава базна енергија. Ние мора да имаме производен центар кој што ќе произведува базна енергија. Без базна енергија која што ќе биде најмалку 50-тина проценти од портфолиото на државата ние како држава не можеме да функционираме“.

Вчера Мицкоски рече дека треба да се модернизираат РЕК Битола и Осломеј и да бидат производители на базна енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.