Енергетскиот гигант „Shell“ ја удвоил добивката во 2022-ра

Британскиот нафтен и гасен гигант „Shell“ извести во четвртокот дека ја удвоил добивката во минатата 2022 година, благодарејќи на силниот раст на цените на нафтата и гасот.

Прилагодената добивка пораснала во 2022 година на 40 милијарди долари, достигнувајќи го највисокото ниво во 115—годишното постоење на компанија. Прилагодената добивка пред каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата (EBITDA) е зголемена за 53 отсто, на 84,3 милијарди долари.

Најголем дел од прилагодената добивка, вкупно 33,4 милијарди долари, го генерирале гасниот и одделот за истражувања и производство на нафта, околу двојно повеќе отколку во 2021 година.

По почетокот на руската инвазија во Украина ланскиот февруари, цената на нафтата скокна накусо на лондонскиот пазар близу 128 долари за барел, но во меѓувреме се спушти оваа седмица до околу 85 долари, откако во 2022-ра предизвикува кризи на европскиот пазар,

Во последните три минатогодишните месеци гасниот оддел на „Shell“ речиси го удвоил прилагодената добивка во споредба со претходните три месеца, на шест милијарди долари.

Компанијата оваа седмица извести дека ќе ги спои одделите за производство на нафта и природен и течен гас и ќе ги намали бројот на извршните улоги во компанијата.

Рекордната заработка на британската компанија се надовзруваат на објавата на американскиот конкурент  „Exxon Mobil“ дека 2022-ра ја заклучил со рекордни 57 милијарди долари нето добивка. Вкупниот приход достигнал 413,68 милијарди долари.

Американскиот гигант воедно дека добивката во четвртиот лански квартал ќе му биде намалена за 1,3 милијарди долари, поради данокот на екстрапрофитот во Европската унија. Најавија тужба против Унија, тврдејќи дека данокот излегува од рамките на нејзините овластувања.