„Eni“ не коментира дали ќе отвори сметка во рубљи за плаќање на рускиот гас

Претставниците на италијанската енергетска компанија „Eni“ одбиле во средата вечерта да ги коментираат медиумските информации за нејзината намера да отвори сметка во рубљи во руската банка „Газпромбанк“ преку кои ќе ги задоволи барањата на Москва за плаќање на испораките на гасот во руската валута.

Претходно во средата деловната новинска агенција Bloomberg објави, повикувајќи се на свои неименувани извори, дека италијанската компанија се подготвува испораките на рускиот природен гас да ги извршува во рубљи.

„Станува збор за толкување, и ние немаме коментар на тоа“, рекле за руската агенција ТАСС извори од „Eni“. Агенцијата потсетува дека претходно челниците на италијанската енергетска компанија изјавиле дека за нив е неприфатливо да го плаќаат рускиот гас во рубљи.

Италијанскиот премиер Марио Драги објасни претходно дека „претворањето во рубљи е внатрешна работа на Русија“, додавајќи дека плаќањето ќе се врши во евра или во долари.

Во март Русија донесе прописи со кои предложи купувачите на енергенси да отворат сметки во „Газпромбанк“, која не е под западните санкции, за да можат да плаќаат во западни валути кои потоа ќе бидат променети во рубљи на Московската берза.

Според Bloomberg, потегот на италијанска „Eni“ е превентивен, бидејќи компанијата ги очекува дополнителните насоки од италијанската за тоа дали може да ги користи таквите сметки во „Газпромбанк“ за порачки на гасот.

Претходно во прилозите на Bloomberg се тврдеше дека Рим е подготвен да ги прекине плаќањата во рубља за гасот доколку Еропската комисија оцени дека со тоа се прекршуваат санкции. Европската комисија порача дека компаниите треба да продолжат да плаќаат во валути одредени со договорите со „Газпром“, и тврди дека во 97 отсто од случаите тоа се еврото и американскиот долар.

Од друга страна, пак, извори од италијанската влада во средата за ТАСС појасниле дека Италија „ги поздравува напорите на Европската комисија“, но нејзинаа сегашна процена за платните системи е прелиминарна и сѐ уште за неа не се коментира.

Минатата седмица, италијанската влада објави дека нејзината целта за постигнување целосна независност од рускиот гас за година ипол до две години. Увозот на гас од Русија осигурува 40 отсто од вкупната побарувачка на енергенси на Италија, па аналитичарите од енергетскиот сектор проценуваат дека зададениот временски рок е нереален.