Џенифер Анинстон бесна им се обрати на фановите кои не носат маска

Џенифер Анистон има свој Инстаграм профил кој го креираше минатиот октомври, и уште тогаш ја покажа својата популарност кога со првиот пост ја урна мрежата, па после само неколку часа направи рекорд во бројот на следбеници. Глумицата воглавно го употребува профилот за поддршка на важни прашања за општесвото, а тоа го направи и овојпат – таа ги повика своите 34,4 милиони следбеници да се придржуваат до правилатаи и задолжително да носат на заштитни маски.

-Разбирам дека маските се неудобни и непријатни за носење. Но не мислите ли дека е полошо тоа што бизнисот пропаѓа? Луѓето добиваат откази од работа. Здравствените работници се целосно истоштени. Овој вирус зеде многу животи поради тоа што ние не правиме доволно. Навистина верувам во доброто во луѓето и знам дека сите можеме да излеземе од ова. Многу луѓе сеуште одбиваат да ги преземат неопходните чекори за да се заштитат. Луѓето си се грижат околу тоа што им се одземени права со тоа што се замолени да носат маски. Оваа едноставна и ефикасна препорака е политизирана и платена со човечки животи и за тоа навистина не би требало да се полемизира“, напиша Анинстон на својот Инстаграм профил и собра над 6 милиони лајкови за 24 часа.


Размислете драги читатели, носете маска и спасете нечив живот! Во Македонија се бориме со истата недисциплина која зема данок континуирано.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.