Џенифер Анистон ги откри тајните за младешкиот изглед

Јога и неделни третмани за лице се тајната зад нејзиниот младешки изглед, кој никогаш не се менува.

Омилената холивудска ѕвезда и еден од култните ликови на „Пријатели“, Џенифер Анистон (53), вели дека секоја недела се почестува со мини третман за лице, а денот го почнува со топла вода и лимон.

Нејзиниот активен животен стил во комбинација со јога и медијација ѝ помага да задржи здрав дух и здраво тело.

Јогата е најзаслужна за внатрешниот мир, а и за еластичност на телото.

Покрај неделните третмани за лице, една од работите на кои најмногу се радува секој ден е нејзиниот момент на медитација.

„Тоа е мојот омилен момент“, изјави таа за списанието First For Women. „Посакувам да можеме да го замрзнеме времето во тој магичен час затоа што има многу да се црпи од таму, тоа е уважување на денот“.

Освен што практикува јога, таа вели дека ужива да пишува за да биде смирена.

„Не е сè гламурозно во светот на Џен, рече ѕвездата на We Are The Millers, додавајќи дека миењето садови го смета за терапевтско.