Џенифер Анистон призна дека имала лажен профил на Инстаграм, но е само таа

Актерката Џенифер Анистон неодамна направи Инстаграм профил и предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи во рекорден рок доби милион следачи, а неколку дена потоа во емисијата „Jimmy Kimmel Live“, признала дека некое време имала лажен профил.

„Во период кога размислував да ѝ се приклучам на Инстаграм заедницата, сфатив дека пред сè морам да го разберам тој свет и да се впуштам во ‘светот на социјалните мрежи’“, рекла Анистон.

„Business Insider“ пренесува дека Анистон не била првата позната личност која користела лажен профил на социјалната мрежа.

https://www.instagram.com/p/B3scmO3hAcK/?utm_source=ig_embed

Нејзината истоименичка Џенифер Лоренс своевремено раскажала дека нема јавен профил на социјалните мрежи, но дека таму е во улога на нем набљудувач.

„Гледам, ама не зборувам“, рекла Лоренс за магазинот „InStyle“.

Не е познато колку познати личности користат социјални мрежи на начин на кој тоа го правела Џенифер Анистон. Тоа што е сигурно е дека нејзината стратегија е делотворна, па така Анистон има повеќе од 15 милиони следачи на оваа популарна социјална мрежа.