Џенифер Анистон прозборе за проблемот со кој се бори со години

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а фактот дека не може да спие често ѝ создава огромен стрес…

„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоницата се појави во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи“, изјави Анистон за магазинот „People“.

„Едноставно го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги сфаќате ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на вашиот физички изглед“, рече таа, признавајќи дека во минатото честопати ѝ се случувало и да месечари.

„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано и месечарев во сон, а од таква состојба ме будеа алармите низ домот. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, рече таа и поради нејзиниот проблем, на крајот решила да побара лекарска помош.

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не функционира“, исткана ѕвездата.