Џенифер Анистон се смирила со татко и Џон, поради коронавирусот

Актерката Џенифер Анистон (51) наводно се смирила со својот татко Џон (86) и го обновила контактот по многу години.

Нивното помирување и обновената семејна врска се должи на пандемијата на коронавирусот, пишува „Дејли мејл“.

По хоспитализацијата на Џон поради здравствени проблеми со стомакот, следуваше пандемијата на коронавирусот, а Џенифер тогаш се загрижила за својот татко.

„Како да сфати дека животот е краток и нејзината врска со татко ѝ мораше да биде добра затоа што никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш“, изјавил близок пријател на актерката за „Дејли мејл“.

Двајцата сега редовно се слушаат на телефон, а Џенифер исто така редовно се распрашува за неговото здравје.

Џенифер не била во добри односи со својот татко уште од својата деветта година кога Џон ги напуштил мајка ѝ и неа, нешто што таа не можела да му го прости.

Татко ѝ исто така е актер, а својот талент Џен го наследила токму од него. За разлика од ќерката, која е светски позната актерка, тој имал само кратки епизодни улоги во серии ѝ и е познат само на американската публика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.