Џенифер Лопез наполни 52 години!

Џенифер Лопез се чини нема намера да старее. Денеска популарната пејачка полни 52 години, а последните фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил сведочат за нејзината „вечна“ младост.

Лопез, која го сврте вниманието на јавноста со смирувањето со својот поранешен свршеник Бен Афлек, цели седумнаесет години по нивната раскината свршувачка, неодамна предизвика лавина коментари со последно објавената фотографија со својата ќерка.

Малата Еми изгледа исто како Џенифер кога беше девојка, а и коментарите потврдуваат дека е „плукната“ мајка и.