-2.2 C
Skopje
вторник, јануари 18, 2022

Џенифер Лопез во венчаница на доделување на награди

67

Џенифер Лопез на доделувањето на Американските музички награди ја изведе новата песна „On My Way“ од претстојниот филм „Marry Me“, во кој глуми заедно Овен Вилсон.

Таа на сцената излезе во фустан со необичен крој, кој на многумина им наликува на венчаница.

Џенифер неодамна во интервју за „ Today Show “ откри дека не ја исклучува можноста да се омажи по четврти пат.

Инаку, филмот „Marry Me“ треба да излезе на Денот на вљубените следната година, а пред неколку дена беше објавен и официјалниот трејлер за филмот.

Филмот е инспириран од истоимениот стрип на авторот Боби Крозби, а режиран е од страна на Кет Коиро. Трејлерот е прегледан повеќе од два милиони пати за четири дена, а луѓето под видеото на Јутјуб пишуваат дека со нетрпение чекаат филмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.