Џенифер откри во каков однос е со Бред Пит

537

Откако актерот ја изневерил со Анџелина Џоли, Џенифер поднела документи за развод и повеќе никогаш не го споменала Бред – до вчера!

Актерката Џенифер Анистон отсекогаш ја чувала својата приватност подалеку од очите на јавноста, па така ниту по разводот од Бред таа не ги коментирала пишувањата од медиумите.

Единствено што тогаш изјавила е тоа што „не е во ред“ што Џоли дала интервју во кое зборувала како таа и Бред се заљубени и како одвај чекале да започне снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“ каде што на Џенифер многу работи ѝ правеле зад грб.

Годините поминувале, медиумите продолжиле да се занимаваат со чувствата на Џенифер, но таа мудро молчела.

Меѓутоа, во текот на гостување во емисијата „The Howard Stern Show“ таа одлучила да одговори на прашање на водителот „дали ѝ било непријатно кога минатата година во текот на изолацијата учествувала на виртуелното читање на сценарио од филмот „Fast Times at Ridgemont High“ во кое имало многу ѕвезди, меѓу кои и Бред Бит.

Во еден момент Бред и Анџелина се погледнале, а тој насмеан рекол „Здраво Анистон“, а тоа беше главна вест во сите светски медиуми.

„Не, беше многу забавно. Знаеш, Бред и јас сме другари. Ние сме пријатели, разговараме“, отворено изјавила Џенифер.

„Нема никакви непријатности, освен можеби за оние кои гледале и кои сакале да има“.

Водителот ја прашал актерката и дали пронашла љубов:

„Не. Досега немаше големи успеси, но секогаш сум отворена за тоа“, искрено рекла Анистон.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.