Енис Барди за три милиони евра во Трабзон

Македонската колонија во Турција како што изгледа се зголемува, затоа што шпанска „Марка“ објави дека трансферот на Енис Барди во Трабзонспор е комплетиран.

Леванте и турскиот суперлигаш постигнале договор за трансфер на македонскиот репрезентативец. Откако Леванте испадна во втората лига, беше јасно дека Барди ќе бара нова средина.

Иако беше во интензивни преговори со Олимпијакос, имаше и понуда од МЛС-лигата, Барди ја избра Турција. Договорот меѓу двете страни е на три години. Недостасуваат уште медицинските прегледи, за целата зделка да биде комплетирана.

Леванте за трансферот на Барди ќе добие три милиони евра, плус бонуси. Во турската Суперлига пред извесен период потпиша Езџан Алиоски, од претходно таму е Бесир Гуџуви со Бешикташ, играат и Коста Манев и Арда Окан Курталан (Адана Демиспор) и Лука Станковски (Газијантеп).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.