Енормна загаденост измерена денеска во Скопје

Денес енормно висока загаденост е измерена во центарот на градот, слично и во Кочани и Битола. Утринава кај ректоратот беа измерени рекордни 406 ПМ 10 честички на метар кубен.

Загадени утринава се и Кочани, Битола, Миладиновци, Центар и Струмица.

Ова не е прв пат за една недела да се зголеми загаденоста во главниот град.

Претходно, Фејсбук страната „Министерство за безживотна средина“ ги повика Јана Макрадули и Петре Шилегов да ја видат мапата на зададен воздух и во летните денови кога има сонце, затоа што не дувало ветер и немало дожд одамна.

Загаденоста на воздухот на 21 јуни изнесувала 130 милиграми на метар кубен само на Бит Пазар што е повеќе од алармантно за овој месец во годината.