Џенова остана, Лече ја напушта Серија А

519
Macedonian forward Goran Pandev after scoring a goal during the Italian Serie A soccer match Genoa Cfc vs Hellas Verona Fc at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 2 August 2020 ANSA/SIMONE ARVEDA

Екипата на Џенова, за која настапи капитенот на македонската селекција Горан Пандев, во неделата втора сезона по ред успева во последното коло да го обезбеди опстанокот во првата италијанска лига, откако со сигурни 3:0 на домашен терен ја совладаа Верона.

Џенова сите дилеми ги реши во првото полувреме, првите два погодоката ги постигна Антонио Санабрија во 14 и 26 минута, за вториот асистираше Пандев,  а потоа во 45 минута погоди и Кристијан Ромеро, кој во 61 минута беше исклучен од игра. Во самата завршница директни црвени картони поради меѓусебно кошкање заработија и Франческо Касата кај домашните и Амрабат Софјан кај гостите.

Со оваа победа Џенова го заврши првенството на 17-то место со 39 бодови, додека Верона остана деветта со 49 бодови.

Задачата на Џенова ја олесни и директниот конкурент за опстанокот Лече, кој во отворен меч дома беше поразен од Парма со 3:4. Гостите поведоа рано со 2:0, со автоголот на Фабио Лукиони во 12 и со погодокот на Џанлука Капрари во 25 минута. Но до крајот на првото полувреме Лече ги врати надежите со погодоците на Антонин Барак во 41 и Бјаџо Макериело во 45 минута. Сепак Парма во продолжението го стави работите на свое место со погодоците на Андреас Корнелеус во 53 и Роберто Инлгезе во 68 минута, додека Џанлука Лападила минута подоцна го направи последниот очајнички обид на домашните за спас.

Парма на крајот е 11-та со 49 бодови, а Лече со четири бодови зад Џенова, односно 35, им се придружи на одамна отпишаните Бреша и СПАЛ.

Во првиот меч од неделната програма СПАЛ на своето игралиште во Ферара со 1:3 беше поразен од Фиорентина. Гостите во водство ги доведе во 31 минута Алфред Данкан, но по девет минути израмни Марко Д’Алесандро, а потоа во финишот Кристијан Куаме во 90 и од пенал во следната минута погоди Ерик Пулгар.

Фиорентина заврши на 10-то место со 49 бодови, додека СПАЛ првенствтото го заврши со само 20 бодови и одамна е преселен во Серија Б.

Болоња и Торино ремизираа 1:1, со погодоците на Матијас Свенберг во 19 минута за домашните и на Симоне Заза во 67 минута за гостите. Болоња ја заврши сезоната на 12-та позиција со 47 бодови, а Торино со катастрофалниот учинок по паузата поради епидемијата дојде до 16-то место со 40 бодови.

Удинезе со голот на Стефано Окакоа во 54 минута славеше на гостувањето кај Сасуоло. Удинезе на крајот е 13-ти со 45 бодови, а Саусоло одамна ја загуби шансата за излез во фудбалска Европа и остана на осмата позиција со 51 бод, 11 помалки од позициите кои водат во европските квалификации.

Уште пред две кола Јувентиус ја обезбеди деветтата последователна титула, а Интер, Аталанта и Лацио исто така се квалификуваа за Лигата на шампионите. Рома, Милан и Наполи, пак, ќе играат во Лига Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.