Џенова преку Јувентус ги задржа шансите за опстанок, Интер на врвот во Серија А

Genoa’s Silvan Hefti (R) and Juventus’ Moise Kean (L) in action during the Italian Serie A match, Genoa CFC vs Juventus FC at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 6 may 2022. ANSA/LUCA ZENNARO

Фудбалерите на Џенова останаа во игра за опстанок во првата италијанска лига, благодарејќи на победата од 2:1 на свој терен против Јувентус во петокот вечерта во средбата од 36-то коло до која дојдоа со пресврт во самата завршница од мечот.

Гостите од Торино поведоа на почетокот од второто полувреме, во 48 минута, со прецизниот удар на Паоло Дибала од 20-ина метри. Аргентинецот 20 минути подоцна од слична позиција ја погоди стативата, Јувентус пропушти уште неколку шанси за удвојување на предноста, а за тоа на крајот беше казне.

Џенова израмни преку Алберт Гудмунсон во 87 минута, за во судиското продолжение на натпреварот следеше кулминација на драмата. Во четвртата минута од продолжувањето Алваро Мората тргна во противнапад, а кога стаса пред домашниот голман Сиригу се реши да го проигра Моис Кин кој од 15-ина метри шутираше крај небранетиот гол. Веднаш потоа Де Шиљо во својот шеснаесетник го собору Јебоа, а капитенот на домашните Доминик Кришчито во шестата минута од продолжение од пенач обезбеди големи три бода за Џенова. Кришчито пред само шест дена, исто така, во последните моменти од дуелот не реализираше пенал против градскиот ривал Сампдорија, но сепак повторно ја презема одговорноста.

Џенова и натаму е претпоследна 19-та сега со 28 бодови, колку што има и 18-от Калјари а само бод повеќе има 17-та Салернитана којашто го држи последното место коешто обезбедува опстанок. Токму Салернитана и Калјари во неделата играат меѓусебно во рамките на 36-то коло.

Јувентус, пак, остана четврти со 69 бодови, еден помалку од третопласираниот Наполи, но и недостижни 10 повеќе од петтата Рома и шестиот Лацио и обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Претходниот петок Интер изби на чело на табелата по победата од 4:2 на домашен терен притв Емполи, до која дојде со голем пресврт.

Неоптоварните госит по првите половина час игра имаа уверливо водство од 2:0, остварно преку Андреа Пинамонти во 5 и Кристијан Саилани во 28 минута, кои ја искористија невниматилноста на домашната одбрана и поентираа по долги проигрувања.

Клучен се покажа периодот во самата завршница на првото полувреме, кога Интер во интервал од само пет минути стаса до израмнување. Двете акции кои резултираа со погодоцо се одвиваа по левата страна. Прво бекот на Емполи, Симоне Ромањоли во 40 минута несреќно со нога сврти приземно нафрлување на Ди Марко во својата мрежа, за непосредно пред земинувањето на полувремето Лаутаро Мартинез во 45 минута го искористи додавањето на Чалханоглу за израмнување. Притисокот на Интер во второто полувреме резултираше со водство во 64 минута преку Лаутаро Мартинез кој најдобро се снајде во мешаницата пред гостинскиот гол. Конечниот резултат во четвртата минута од судиското продолжување на мечот го постигна Алексис Санчез.

Интер сега е водечки со 78 бодови, еден повеќе со натпревар повеќе од градскиот ривал Милан кој во неделата ѝ гостува на Верона. Емполи е безбеден 14-ти со 37 бодови.

Во сабота се играат натпреварите: Торино – Наполи, Сасуоло – Удинезе и Лацио – Сампдорија, а во недела: Специја – Аталанта, Венеција – Болоња, Салернитана – Калјари и Верона – Милан, додека во понеделник колото ќе го затворат Фиорентина – Рома.