Енрике е кандидат за селектор на Бразил

Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике се раздели со репрезентацијата на Шпанија, откако загубија во осминафиналето од Мароко (0-1) на Светското првенство (СП) во Катар, а сега е еден од кандидатите за кормилото на Бразил.

Бразилските медиуми секој ден објавуваат по некое име кое се поврзува со селекторската позиција на „кариоките“ по заминувањето на Тите, но сега како најсериозен кандидат делува Енрике.

Со „жешкото“ столче на Бразил претходно се поврзуваа и Зинедин Зидан и Томас Тухел, кои во моментов се без работа.