Енрике ја ужива целосната доверба на шпанската фудбалска федерација

Новиот селектор на шпанската репрезентација, Луис Енрике Мартинес, и покрај тоа што репрезентацијата не го освои првото место во групата во Лигата на нации, доби поддршка од претседателот на тамошната фудбалска федерација Луис Рубијалес.

Се разбира, би сакал да победевме, но ние сеуште остануваме на највисоко ниво. Има многу млади играчи во нашиот тим. Ќе се движиме чекор по чекор и ќе ја акумулираме довербата. Имаме одлични таленти. Ова е нова генерација. Ние мораме да им веруваме на овие играчи. Селекторот Енрике, исто така, ја има целосната нашата поддршка во сите негови работи. Ние сме воодушевени од неговата работа, изјави Рубијалес.

Инаку, Шпанија го освои второто место во конкуренција со Хрватска и Англија, а англиската репрезентација е победник во групата 4 во УЕФА 2018.

Извор: МИА