ЕП ќе гласа за економски санкции кон Турција

Европратениците денеска ќе гласаат за нацрт-резолуцијата, со која се предвидуваат соодветни и целни економски мерки против Турција, откако вчера ја осудија турската иницијатива за формирање на безбедносна зона во североисточна Сирија.

Нацрт-резолуцијата, која има поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент, содржи осуда на турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија и е основа за нови финансиски санкции кон Анкара. Во неа се бара суспензија на царинската унија на ЕУ и Турција, што би влијаело на трговската размена во вредност од 200 милијарди евра помеѓу земјите-членки на ЕУ и Турција. Во нацрт-резолуцијата се отфрлаат иницијативите на Турција за формирање на безбедносна зона и се бара воведување на санкции за турски претставници, одговорни за наводно кршење на човековите права за време на турската офанзива во северна Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги укина санкциите кон Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.