ЕП ќе го укине имунитетот на двајца пратеници вмешани во корупцискиот скандал

Европскиот парламент објави во понеделникот дека ја започнал процедурата за укинување на имунитетот на двајца пратеници, по барање на белгиското правосудство коешто го истражува корупцискиот скандал на Европската унија и Катар.

Два извора блиски на истрагата изјавиле дека станува збор за белгискиот пратеник Марко Тарабеља и италијанскиот Андреа Козолино, припадници на неолибералалната групација на левичарскиот Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите (S&D).

„На барање на белгиските правосудни органи покренав итна постапка за одземање на имунитетот на двајца пратеници во Европскиот парламент. Нема да има неказнивост“, објави на Twitter претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метцола, од Малта.

Адвокатот на Тарабеља, Максим Толер, изјави дека неговиот клиент се согласува со одземање на имунитетот. Претходно белгискиот пратеник ја негираше вината, тврдејќи дека „апсолутно нема што да крие“ и дека „ќе одговори на сите прашања од иследниците“.

Козолино не одговорил на прашањата на Reuters, но претходно во декември за италијанските новински агенции изјави дека не е под истрага/

„Не сум испитуван. Немаше претреси, ниту ми е пломбирана канцеларијата“, изјави тогаш италијанскиот европратеник.

Во декември беше објавено дека Франческо Џорци, еден од главните осомничени во истрагата покрај партнерката сменетата потпретседателка на Европскиот парламент, грчката пратеничка Ева Каили, признал дека земал мито од Катар за да влијае врз одлуките на институциите во ЕУ во врска со блискоисточната земја од која земјите членки бараат договори за испораки на течен гас во обидите да ги заменат испораките на рускиот гас.

Џорџи, кој е помошник во Европскиот парламент, наводно рекол дека се сомнева оти Тарабеља и Хазолино примиле пари од Катар. Грчката пратеничка, која во меѓувреме беше исклучена од социјалистичкиот ПАСОК, ја негираше вината, но го признала соучесништвото на нејзиниот татко

Белгискиот суд на 22-ри декември пресуди дека Каили ќе остане во притвори уште еден месец, додека продолжува истрагата за корупцискиот скандал, еден од најголемите во Европската унија, но според запознаени извори не и последен кој ќе биде објавени следниот период.