ЕП ги прекина преговорите за буџетот

Европскиот парламент (ЕП) соопшти во четвртокот вечерта дека ги прекинал преговорите со земјите членки за повеќегодишниот буџет на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година, по цена да го одложи планот за закрепнување од пандемијата на коронавирусот во износ од 750 милијарди евра.

„Европските пратеници ќе се вратат на преговарачката маса кога Советот (кој ги застапува земјите членки – з.р.) покаже вистинска волја за постигнување договор“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на германското претседателствување со ЕУ изрази жалење поради „пропуштената можност“.

Преседателите на државите и владите на земјите членки на ЕУ во јули постигнаа договор за седумгодишниот буџет во износ од 1.074 милијарди евра. Меѓутоа, Европскиот парламент бара многу поголема сума која во прв ред ќе биде наменета за „петнаесетте главни програми“ на ЕУ. Но одлуката за ова прашање ќе биде донесена дури по неколку години.

Европратениците во четвртокот во своето писмо го одбија понуденото договарање од германското претседателство со зголемување од околу 9 милијарди евра.

„Разочаран сум“, напиша на социјалните мрежи парламентарниот преговарач Јан Ван Овертвелд во своето писмо оценувајќи дека во новиот предлог „нема ништо ново“.

Имајќи предвид дека беше извонредно тешко да се постигне договор на земјите членки за буџетот, германското претстедателство сѐ досега одбиваше да го зголеми неговиот вкупен износ.

Таканаречените „штедливи“ земји: Холандија, Данска, Шведска, Австрија и Финска, решително се противат на секое ново зголемување.

Уште едно спорно прашање коешто ги оптоварува преговорите меѓу Парламентот и Советот е носењето построги прописи поради намалувањето или запирањето на исплатите од европските фондови доколку има повредена на владеењето на правото.

Минатата седмица земјите членки се договорија за тајков меганизам, кој ќе биде првиот од овој вид во ЕУ, и покрај противењето на некои земји. Големно мнозинство на европсктие пратеници сакаат построг механизам за таквите земји како што се Полска и Унгарија.