ЕП нема да заседава во Стразбур до есен поради Ковид-19

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Дејвид Сасоли најави дека европратениците нема да се состануваат во Стразбур до септември.

Одлуката е поврзана со епидемијата на Ковид-19, објасни тој на почетокот на денешната вонредна седница на ЕП во Брисел.

Пратениците ќе присуствуваат на кратки дводневни сесии во Брисел до есен. Соодветните измени во календарот на институцијата беа одобрени од раководството на политичките групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.