ЕП одбележува десет години од Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права

12

Европскиот парламент на својата пленарна сесија одбележа десет години од Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права, при што на свечената церемонија зборуваа претседателите на ЕП Давид Сасоли, на Европскиот Совет Шарл Мишел и на Европска Комисија, Урсула фон дер Лејн, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На почетокот претседателот на ЕП, Сасоли ја истакна улогата што Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права ја одиграа во одржувањето на мирот и просперитетот во Европа. Тој додаде дека идната конференција за иднината на Европа „ќе понуди можност да се соочиме со сегашните и идните предизвици преку посилна Европа, заснована на солидарност и слобода“.

Лидерите на политичките групи во ЕП, истакнаа дека ЕУ треба да се реформира и зајакне со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните за прашањата кои се движат од екологијата до климатските промени преку социјални прашања, европска одбрана, безбедност и надворешната политика, владеење на правото, демократија и права на граѓаните.

На крајот од дебатата, претседателката на ЕК, Фон дер Лејен и претседателот на ЕС Мишел го поздравија зајакнувањето на демократската одговорност воведена со Договорот од Лисабон и признаа дека „граѓаните треба да бидат во срцето на Унијата“.

Осврнувајќи се на идната конференција за иднината на Европа, двајцата повикаа да се направи алатка за слушање на граѓаните и за реформа на ЕУ.

Со Договорот од Лисабон воведено е зголемено ниво на парламентарна контрола и демократска одговорност и ги зајакна законодавните и буџетските овластувања на ЕП. Исто така, во него е ставено дека ЕП е „составен од претставници на граѓаните на Европската унија“ и му ја даде надлежноста да го избера претседателот на ЕК.

Договорот од Лисабон ја признава демократската еднаквост, репрезентативната демократија и партиципативната демократија како основни принципи на ЕУ и ја направи Повелбата за основните права правно обврзувачки документ. Повелбата ги обединува сите лични, граѓански, политички, економски и социјални права што ги уживаат народите во Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.