ЕП ракомет 2020: Шпанија пресилна за Словенија

Шпанија делуваше моќно и супериорно, ја победи Словенија со 34:32, иако резултатот сугерира неизвесен натпревар сепак на теренот сликата беше сосема поинаква.

Словенците парираа во одредени моменти од мечот, но не беа доволно добри и во ритам за да и парираат на Шпанија која диктираше темпо и игра и сосема заслужено победи.

Шпанија првиот дел го доби со 20-15, во вториот малку се опушти но и така делуваше сигирно на теренот. Најефикасни кај победничката екипа беа Дуешебаев, Ентрериос и Фернандес со по 6 голови.

Големото финале меѓу Шпанија и Хрватска се игра в недела.

Извор: Дриблинг.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.