ЕП ракомет: Германија сигурна против Белорусија, Хрватска против Австрија

Во последниот меч од првото коло од групата 1 од Европското првенство во ракомет, Герамнија во Виена ја совлада убедливо со 31:23 (18:11) селекцијата на Белорусија.

Германците многи брзо остварија голема предност, која кон средината на првото полувреме изнесуваше седум голови 11:4, и со тоа дуелот практично беше решен.

Тимо Кастенинг со шест погоодоци и стопроцентна реализација ја предводеше Германија, Филип Вебер и Јулиус Куен додадоа по четири, а Владислав Кулеш постигна шест гола за Белорусија.

Претходно во четвртокот Шпанија очекувано ја победи Чешка со 31:25, а Хрватска ја совлада Австрија со 27:23, па сега на врвот на табелата во оваа група се Шпанија и Хрватска со по 4 бодови, Австрија и Германија имаат по 2 кои ги пренесоа од првата фаза, додека Чешка и Белорусија се без бодови.