Во последниот саботен дуел од второто коло од Групата 1 на европското ракометно првенство, Хрватска со голем пресврт ја победи Германија со 25:24 (11:14), со што си обезбеди полуфинале.
Германија во најголемиот дел од дуелот беше во позитива, благодарејќи на цврстата и на моменти груба игра во одбраната. Хрватска во првото полувреме не реализираше дури три седмерци и неискористи дури 12 минути кога Германците играа со играч помалку. Германија подобро го отвори и вториот дел кога на двапати имаше водство од пет голови, но Хрватска до победата дојде во финишто со голот на поранешниот „вардарец“ Игор Карачиќ на минута и пол до крајот откако беше исклучен германскиот играч Пекелер, и одбраната на Шего, само четврта на целиот меч, на 13 секунди пред крајот. Игор Карачиќ постигна седум погодоци за Хрватите, а Уве Геншејмер со четири гола ги предводеше Германците.
Претходно во саботата Шпанија со 30:26 (17:16) ја победи Австрија. Европските прваци дури кон средината на второто полувреме конечно го скршија отпорот на Австријците, кога првпат дојдоа во водство од четири головои, Кај Шпанците најефикасен бепе Македа со шест головим, а Австријците ги предводепе Божович со четири погодоци.
Во првиот меч во второт коло на оваа група, Белорусија ја совлада Чешка 28:25 (13:11). Ова беа првите бодови за Белорусите во втората фаза, до кои дојдоа благодарејќи на Ваилјупов, Нукуленков и Каралек кои постигнаа по пет голови, а Чесите ги предводеше Каспарек со пет голови.
На табелата во Групата 1 со максималните шест бодови во водство се Шпанија и Хрватска, и се чини дека го обезбедија полуфиналето, бидејќи следат Германија, Австрија и Белорусија со по два бода, а Чешка е без бодови.