ЕП ракомет: Норвешка против Хрватска, Словенија на Шпанија во полуфиналето

Во натпреварот од групата 2, Норвешка ја совлада Словенија со 33:30 и го освои првото место.

Со освојувањето на првото место во групата 2, Норвешка во полуфиналето ќе игра против второпласираната од групата 1, Хрватска, додека Словенија ја очекува пресметка со Шпанија.

И двете репрезентации пред да го одиграат меѓусебниот натпревар обезбедија пласман во полуфиналето и затоа селекторите и на Норвешка и на Словенија во првото полувреме ги одмораа своите најдобри играчи и поради тоа првиот дел заврши со минимална предност на Норвежаните од 14:13.

Во вториот дел, Норвежаните продолжија со одличната игра и дојдоа до трумфот од 33:30 и првото место на табелата.

Во отсуство на првата ѕвезда Сагосен, најдобар во редовите на Норвешка беше Кевин Гуликсен со седум гола, додека кај Словенијаа, а Цехте и Кодрин постигнаа по пет.

Во вториот натпревар од групата 1, Белорусија и Австрија одиграа без победник 36:36.