ЕП: САД и натаму се најважниот партнер, но потребно е да се гради автономија

Соединетите држави и натаму се најважниот сојузник, но Европската унија мора да ја гради својата стратешка автономија, заклучија во вторникот пратениците во Европскиот парламент во дискусијата за Извештајот за иднината на односите меѓу ЕУ и САД на известувачот, хрватскиот европарламентарец Тонино Пицула.

САД остануваат најважниот европски апртнер, но најдобар партер на САД би била стратешката автономија на ЕИ, изјави Пицула во дускусијта по текстот на извештахот за кој ќе се гласа во среда во Стразбур. Пицула повијка на „обновено и зајакнато“ трансатлантско партнерство, велејќи дека моменталните односи првенствено се темелат на тоа дека САД го прават она што им одговара на нивната национална политика, понекад не земајќи предвид она што е важно за ЕУ.

„AUKUS и Авганистан ја потсетија ЕУ дека мора да го фати чекорот со новата стварност и да се редефинира односот со САД на рамноправни темелеи, но и а презема поголема одговорност“, додаде Пицула, алудирајќи на ичното повлекување на сојузниците од азиската држава и на одбранбениот и воен пакт кој кон средината на септември ненајавено го потпишаа САД, Велика Бротанија и Австралија што предизвика спор меѓу Вашингтон и европсктие партнери.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Барел, се согласи дека AUKUS бил „повик за разбудување“, па истакна дека промените во американското општество ќе влијаат врз улогата на САД во светот.

Борел смета дека САД по повлекувањето од Авганистан испратил „јасна порака“ дека сака да ги прераспредели своите приорити, а дека ЕУ „морад биде подготвена да се прилагоди на таа нова ситуација“, што вклучува и самодоволност во одбранбените прашања.

„Односот со САД е силен темел на нашата слобода и благосостојба, и мораме и натаму да го градиме, но истовремено да ја градиме нашата автономија бидејќи нашите интереси нема секогаш да се совпаѓаат“, заклучи Борел.

Во своето обраќање Борел истакна дека соработката со САД е многу подобра во областа на западен Балкан, што е покажано со неодамнешното решение на кризата меѓу Белград и Приштина.

Во обемниот извештај се истакнува дека САД остануваат најголем стратешки партнер на ЕУ, па оттаму се поздравува американското враќање на мултилатерализмот заснован на владеењето на правото, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп преферирајќи ги билатералните односи и ги повлече САД од низа меѓународни организации и договори.

Во извештајот се повикува Вашингтон за соработка во регорганизирање на Обединетите народи и Светската трговска организација (СТО – WTO) и глобалниот трговски систем, како и на работата на светскиот корпораивен данотк во рамкитена Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

 

За западен Балкан, Русија и Кина и препораки за САД

Во извештајот се поддржува координираниот став кон Русија и Кина, се повикува на поголема координираност во низа геополитички прашања, во зелената трансфорамција на стопанствата, борбата против авторитарните режими, пандмијата на Covid-19, климатските промени и тероризмит, како и во заговарање на еднаквоста и развојот на новите технологии. Истовремено се нагласува и потребата од јакнење на европската стратешка и одбранбена автономија, комплеентарни со НАТО.

Кина во извештајот е нарекува „системски ривал и конкурент“, но се нагласува дека таа мора да биде важен партнер во борбата против низа глобални проблеми. Се изразува загриженоста поради тоа што Кина во изминатите три децении тројно ги зголемила своите емисии на стакленични гасови и дека денес тие изнесуваат 27 отсто од вкуппните штетни емисии во светот, поради што „зелените политики“ на ЕУ и САД се недеволни без јасна доследност на Кина кон таа цел.

Извештајот истакнува дека ЕУ и САД мора да имаат посилен ангажман во обновувањето на стратешкото партнерство во врска со земјите од Источното партнерство и од западен Балкан, за во овие региони „да се изградат отпорни демократски држави на благосостојба кои ќе можат да пружат отпор на авторитарните сили“.

Европскиот парламент во извештајот ги повикува САД да ја укинат смртната казна и да го реформира својот правосуден систем, како и да го спроведе најавеното затворање на затворот Гвантанамо. ЕУ го охрабрува Вашингтон и да гарантира праведен и отворен пристап до здравствениот систем и другите социјални мерки, да го регулира поседувањето оружје и да се бори против расните нееднаквости.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.