ЕП У-21: Франција по два промашени пенала со пресврт ја победи Англија

Во вториот диел од првото коло од Групата Ц од Европското првенство за фудбалери од 21 година, Фанција во италијанскиот град Чезена ја совлада Англија со 2:1 (0:0)

Првото полувреме донесе врвен фудбал, а најдобрата шанса ја имаше Демереј Греј кој во 14 минута можеше да ја доведе во водство Англија, но ја погоди стативата. Француите имаа шанса во 25 минута, но англискиот голман Дин Хендерсон го одбрани ударот од белата точка на Муса Дембеле.

Во 54 минута малдата ѕвезда на Манчестер Сити, Фил Фоден, изведе вистински слалом низ француската одбрана и го совлада голманот за водство на Англија. Десет минути подоцна српскиот арбитар Срѓан Јовановиќ досуди втор пенал за Франција, а на Хамза за Чудири му покажа директен црвен картон поради опасен стар над Жонатан Бамба кого од теренот го изнесоа на носилки. Одговорноста ја презема играчот на Лион, Хусем Ауар, но и тој не го совлада Хендерсон.

Во продолжение од мечот Англија се бореше со десет играчи, но на крајот не усепа да се одбрани. Во 88 мината Жонатан Иконе со приземен прецизен удар ирамни, а во петтата минута од судискоро продолжение по нафрлен корнер несреќно интервенираше Аарон Ван-Бисака кој ја погоди сопствената мрежа за победа на Франција.

Во оваа група претходно во Сан Марино, Романија високо со 4:1 ја порази Хрватска. Во второт коло се среќаваат Хрватска – Франција и Англија – Романија.