ЕП У-21: Шпанија ја освои титулата

ANSA/LPS/ALESSIO MARINI

Во финалето на Европското фудбалско првенство за селекции до 21 година, Шпанија во Удине ја победи Германија со 2:1, одмаздувајќи се за позарот во финалето од последното европско натпреварување во 2017 година во Полска, кога во Краков младите „Панцири“ победија со 1:0.

Шпанија поведе уште во 8 минута со увавиот гол на Фабиан Руиз од 20-ина метри, а на 2:0 зголеми Дани Олмо, кој инаку настапува за загрепски Динамо. Повторно Руиз шутираше од дистанца од 18-ина метри, германскиот голман Александер Нубел кусо ја одби топката, а Олмо ја спроведе во противничката мрежа. Германија во 88 минута накусо ги врати своите надежи, намалувајќи на 1:2 со прекрасниот гол на Надие, Амири одо преку 20 метри, но немаше сила за повеќе.

Интересно е што Шпанија го отвори првенството со пораз од домаќинот Италија од 1:3, но потоа нанижа четири победи, и тоа против Белгија (2:1), Полска (5:0), Франција (4:1) и конечно Германија (2:0), со гол-разлика 13:2./

За младите шпански фудбалери ова е рекордна петта европска титула, откако беа прваци во 1984, 1998, 2011 и 2013 година. Пет континентални титули единствено има уште Италија.

Шпанија и Германија со самиот пласман во полуфиналето обезбедија пласман на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Токио, а во јапонската престолнина ќе патуваат и другите два полуфиналисти, селекциите на Романија и на Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.