ЕП усвои поамбициозен предлог за намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Пратениците во Европскиот парламент гласаа во средата во полза на предлогот за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите приватни автомобили и новите лесни стопански возлиа во Европската унија за 40 отсто до 2030 година.

Предлогот е усвоен со 389 гласови „за“, 239 „против“ и 41 воздржан, и со него се повикува на намалување на емисијата на јалгерод диоксид за 20 отсто до 2025-та и за 40 отсто до 2030 година. Европската комисија претходно предлагаше намалување на емисиите на штетните гасови за 30 отсто до 2030 година.

Предлогот за намалување на стандардните емисии на јалгероден диоксид од возилата до 2030 година ги подели пратениците во Европскиот парламент, па во дебатата одржана во вторникот социјалдемократите и зелените ги поддржаа поголемите намалувања, додека конзервативните „народњаци“ предупредуваа на можните последиците од ваквите мерки по работните места во атомобилската индустрија.

Европските произведувачки на автомобили, пак, во пресрет на парламентарната расправа во вторникот и гласањето во средата, предупредија дека прекумерно острите ограничувања на емисијата на јаглерод диоксид од автомобилите и комби возилата би можела да ѝ наштети на оваа индустрија и да води до намалување на работни места.

По усвојување на извештајот се очекуваат почетокот на преговорите на Европскиот парламент со Европската комисија и Советот на ЕУ, ткн, „тријалог“, а Советот на министрите за заштата на животнта средина на ЕУ ќе се состанат на 9-ти октомви за да ја одредат својата позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.