Епидемијата на коронавирусот ќе трае неколку месеци, предупредуваат стручњаците

Новиот смртоносен коронавирус означен со 2019-nCoV, кој избувна кон крајот на декември во градот Вухан, во централната киенска покраина Хубеи, ќе зарази најмалку неколку десетици луѓе и ќе трае неколку месеци, проценија во вторникот експертите врз основа на првите достапни податоци.

„Сценариото, во најдобриот случај, е да се протегне преку пролетта и летото, и тогаш да стивне“, изјавил за AFP Дејвид Фишмен, професор на Универзитетот во Торонто, кој ја работел анализата за Меѓународното здружение за зарзни болести.

Ова не е нешто што ќе заврши следната седмица или следниот месец“, рекол Алесандро Веспињани, професот од Североисточниот универзитет, дел од групата истражувачи која ја следи епидемијата.

Епидемиолозите засега ги имаат само поединечните информации за новиот сој коронавирус, кој се појави во декември во кинескиот град Вухан. Користат математички модели за процена на моменталиот број случаи и за споредби со претходните епидемии, но многу од нивните хипотези и натаму не се сигурни. Така, до минатата седмица се мислеше дека заразените лица не се заразни додека не почнат да се појавуваат симптомите, како грозница, проблеми во респираторниот тракт и воспаление на белите дробови.

Меѓутоа, кинеските власти во вторникот ги потврдија наодите потврдија дека го утвриле спротивното, дека заразените го пренесуваат вирусот и во периодот на инкубацијата. Американските здравствени експерти, пак, во понеделникот дека немаат докази оти пациентите без симптоми може да ги заразат другите луѓе. Но доколку тоа е можно, тоа дефинитивно ќе значи промена на динамиката на епидемијата.

Неодамна беа поставени првите процени за должината на инкубацискиот период, Изминатите денови повеќе стручњаци го пресметале и важниот параметар за секоја епидемија: основната репродукциска бројка или „RO“. Тој го претставува бројот луѓе коишто ќе ги зарази заразено лица. Процените се од 1,4 до 3,8 според Фишмен, а овие бројки се сметаат умерени.

„Тоа е само процена: некои пациенти може да заразат многу луѓе, а некои може да заразат само неколкумина. Самото по себе, тоа не е причина за паника“, изјавила Маимуна Маџамдер, стручњак од универзитетот Харвард и детската клиника во Бостон.

Таа појаснува дека стапката 1,3 е за сезонскиот грип, кој има милион случаи годишно, и меѓу 2 и 5 за SARS-от, што резултираше со над 8.000 случаи и 774 смртни исходи најмногу во континентална Кина и Хонгонг во 2002 и 2003 година. За споредба, стапката за сипаниците се движи меѓу 12 и 18.

Карантинот и изолациските мерки, постојаното миење раце и носењето маски може да го намали просечниот број зарзени луѓе. А доколку стапката падне под 1, епидемијата ќе стивне.

Меѓутоа, ефектот од контролните мерки кои Кина ги спроведува нема да се почувствуваат уште седмица или две, велат стручњаците.

„Колку повеќе знаеме за него, повеќе наликува на SARS-от. Тој можеше да се контролира, се надевам дека ќе може и ова. Меѓутоа, нема да знеме уште неколку седмици. Ќе минат седмици, веројатно месеци, и никој нема да знае на каде ова ќе оди“, вели Фишмен.

Официјалниот број зарзени во Кина се повеќе од 4.500 луѓе, а починле 106 пациенти, со околу педесетина потврдени случаи во другите десетина земји кои го јавија присуството на новиот коронавирус.

Меѓутоа, сегашниот број на случаи на заразата во Кина кој би ги вклучувал и оние кои не се потврдени веројатно е повисок од 25.000, смета Веспињани, според анализата на групата која ја координира Североисточниот униветзитет. Таква бројка ја изнесе во понеделникот и Габриел Леунг, декан на Медицинскиот факултет „Ли Ка Шинг“ на Универзитетот Хонгконг, кој изјави дека истражувањето на неговиот тим покажало дека бројот на заболените веројатно е поблиску до 25.000, додека во фазата на инкубација, во којашто сѐ уште нема симптоми, би можело да се 44.000 луѓе.

„Многу лесно е можно да има двојно или тројно повеќе случаи, дури и во самиот град Вухан“, жариштетето на епидемијата на коронавирусот, вели Веспиљани.

Додава дека не сака да го проценува бројот можните смртни случаи. Стапката на смртноста досега изнесува 3 отсто, но може да се менува, зголемена е вообичаено на почетокот кога умираат најравните пациенти, по тоа опаѓа но може повторно да расте.