Епидемијата на Ковид-19 во Кина одзеде 1.665 животи

Бројот на починати од епидемијата на Ковид-19 во Кина синоќа достигна 1.665 лица, што е за 142 повеќе од претходниот ден, соопшти денеска националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на нови смртни случаи во централната кинеска провинција Хубеи од епидемијата на новиот коронавирус вчера се зголеми за 139.

Претходно беа потврдени само три смртни случаи надвор од континентална Кина – во Хонг Конг, Јапонија и на Филипините.

Низ цела Кина вчера имаше и нови потврдени инфекции.

Вкупниот број на заразени досега достигна 68.500 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.