Епидемијата не стивнува: Досега со морбили се заразени 148 лица

Заклучно со 01.02.2019, во епидемијата во Скопје се регистрирани  148 случаи на мали сипаници.

Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на  заболени, 85 (57,4 отсто)  се на возраст до 4 години, а 36 лица  (24,3 отсто)  на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 125 или 84,5 проценти од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупниот број на заболени (n=148), 77 лица односно 52% се лабораториски потврдени.

Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 5509, од кои 4.875 лица се на територијата на град Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги превземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните тимови во пунктовите за вакцинација.