Епидемиологот Ана Глигиќ: Сите правите една опасна работа со маските, се изложувате на голема опасност

Во последно време често можеме да видиме како луѓето на улица маските ги носат на лактот, при што делот кој се става на устата е припиен за раката, а потоа после кратко време повторно се става на уста.

„Опасно е да се прави тоа. Кога се вади маската не смее повторно да се става. Доколку тоа се прави, вирусот без кпаки има отворен пат до нас. Не смее иста маска два пати да се стави без стерилизација, перење или пеглање.

Д-р Глигиќ напоменува дека пред употреба на маска рацете мора да се измијат.

Кога маските се носат на лакт, тие може да дојдат во допир со честички од разни бактерии и вируси, а не само на коронавирусот, а покрај тоа може да дојдат во контакт со пот која ја нарушува ефикасноста на ова заштитно средство. Многу голем број на луѓе откако ќе ја извадат маската ја ставаат во џеб, ќесе и торба, а потоа без дезинфикација повторно ја користат водејчи се по тоа дека само тие ја користат и дека личните предмети во кои ја ставаат не се ризични.

Д-р Глигиќ која била шеф на лабораторија во време на епидемијата на морбилите, вариола вера, во 1972 година во Белград, истакнува дека употребата на ракавици е позитивна не само што што нас не штитат од вирусот туку и затпа што со нив потешко ќе го допираме лицето отколку со голи раце.