Епидемиолошкото затворање на Сиднеј продолжено за уште една седмица

Двонеделниот локдаун во најголемиот австралиски град Сиднеј ќе биде продолжен за уште една седмица, со цел да се спречи ширењето на заразниот делта сој на коронавирусот, објавија во средата локалните медиуми.

Сиднеј, каде живее една петтина од 25-те милиони жители на Австралија, се бори со најсилниот бран на пандемијата оваа година. Вкупниот број на заразени надмина 330 лица откако беше регистриран првиот случај на инфекција пред три недели.

Властите во сојузната држава Нов Јужен Велс на 26-ти јуни воведоа строга блокада за да се запре ширењето на делта мутацијата. Забраната за напуштање на домовите требаше да биде укината во петокот, но сега ќе биде продолжена до 16-ти јули, јавија локалните медиуми.

Сегашните  ограничувања, вклучително и носење заштитна маска во затворени простори и во јавниот транспорт, ќе бидат на сила уште една седмица, а училиштата во Сиднеј ќе преминат на настава од далечина кога ќе завршат зимските празници.

Во Австралија од почетокот на епиемијата досега се регистрирани над 30.800 случаи на зараза и 910 починати лица како последица на Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.